Нема сезонски работници во Преспа кои ќе ја соберат јаболката
На само една недела пред официјалнито старт на јаболкоберот, преспанските овоштари мака мачат да најдат сезонски работници, па стравуваат дека не ќе можат навреме да го соберат целиот род, објави Телма.
Веќе неколку години поради иселувањето домашната работна сила се намалува, а, сега пандемијата дополнително ја усложни бербата. Традиционално, осумдесет проценти од берачите се од соседна Албанија, но, стравот од вирусот ја намали и оваа работна сила.
Највисока откупна цена годинава се движи 13 денари за килограм јаболко и 3 денари за индустриското. Овие цени не ги покриваат основните трошоци па, овоштарите бараат да нема сорта која ќе се откупува под 15 денари, а за индустриското 5 денари за килограм. И додека откупните цени паѓаат, недостигот на сезонски работници ја покачува надницата.
