Трамп дозволи кинескиот Тик Ток да остане во САД, но само под еден услов!

Американскиот претседател Донад Трамп, направи пресврт со кинеската апликација „ТикТок“ која требаше официјално денеска да биде забранета во САД.

Имено Трамп одобри договор што ќе овозможи кинеската апликација „ТикТок“ да продолжи да се користи во САД,

Но тоа има цена, со новата компанија „ТикТок глобал“ ќе управуваат Американци.

-Го поддржувам партнерството меѓу „ТикТок“ и американските компании „Оракл“ и „Волмарт“, истакна Трамп

„Му дадов блаагослов на договорот“, изјави Трамп.

Претседателот Трамп појасни дека договорот гарантира 100% безбедност околу пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти.

Трамп уверува дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од компаниите „Оракл“ и „Волмарт“, а седиштето ќе биде во Тексас.

„ТикТок“ и „БајтДенс“ ја поздравија одлуката на Трамп.

Но ова не е завршена работа, бидејќи договорот мора да биде одобрен и од кинеската влада.

error: Content is protected !!