Mинистерот за економија Бектеши: Субвенции за етничките вработувања во приватни компании од следната година
Субвенции за етнички вработувања сепак ќе има и тоа од наредната година, тврди министерот за економија Крешник Бектеши.
Само неколку дена откако премиерот Заев тврдеше дека државата нема да субвенционира етнички вработувања во приватните фирми, туку помош ќе има без оглед на етничката припадност, а предност ќе биде квалитетот на работникот, министерот Бектеши денеска ги обзнани контурите на мерката која пред извесно време ја најави Груби.
„Тоа значи за сите приватни кои се управувани или во сопственост на друга етничка заедница, а вработува од другите етнички заедници, да бидат субвенционирани од страна на Владата. Не значи само албанци, турци или македонци. Тоа значи сите кои се основани и раководени од албанец ако во неговата фирма вработат македонец, тогаш ќе бидат поддржани во страна на Владата, а тоа ќе биде направено на инклузивен начин и граѓаните да се доближат што повеќе.“ Крешник Бектеши, министер за економија
Идејата, која е дел од прогрмата на ДУИ, беше промовирана од вицепрeмиерот Артан Груби.
На ваквите најави бизнис коморите веќе излегоа и со став дека квалитетот на работникот треба да остане клучен критериум за вработување, а не етничката припадност.
