Kоја е разликата меѓу стартап и мал бизнис?

Ја читнав сторијата. За девојката што го користи кумињето како суровина за производство на други продукти.

Пред тоа и дошло идеа да спои вино и сладолед. Да направи сладолед од вино.

Ова е одлична приказна. Одлична приказна за производна иновација.

Одлична приказна за тоа како една личност си го искористила техничкото знаење за да продуцира нешто, наместо да бара работа.

Одлична приказна за личност што се има избрано себеси. Одлична приказна за многу работи.

Но ова не е одлична стартап приказна. Девојката нема стартап. Девојкава има мал бизнис.

Но медиумите што ја раскажуваа сторијата упорно го инјектираат зборот “стартап”.

Од незнаење идиме кон уште подлабоко незнаење. Медиумите стандардно го потпомагаат тој процес. А тие медиуми се читани од исти такви незнајковци во Владата. И после ќе прават стартап села. И ќе населуваат во тие стартап села, девојки што прават сладоледи од вино. И ќе велат гледајте ги нашите “стартапи”. И медиумите ќе пишуваат – Македонија е “стартап” нација.

Зошто велам дека ова е приказна за мал бизнис а не стартап? Бидејќи стартап нема врска со иновација (сладолед од вино).

Стартап нема врска со производот. Главната одлика на стартапот не е иновативноста туку – растот.

Толку. Ова е се што треба да се разбере. Девојката има иновативен мал бизнис, интересен секако, – но нема стартап.

Девојкава ќе има стартап доколку отклучи специфичен канал на продажба што ќе придонесе до луда побарувачка за нејзиниот продукт. Е тогаш малиот бизнис станува стартап.

Малиот бизнис станува стартап кога на неделно или на месечно ниво расте барем со двоцифрена стапка. Растот е битен за да што побрзо освои максималем пазарен удел во ново отклучениот пазар додека конкуренцијата не се свести и не понуди сличен таков продукт. Тоа во суштина ги прави стартапите многу специфична креација, еден вид аждери.

StayUncle во втората година реализираше 30% месечна стапка на раст едно десет месеци континуирано. Затоа StayUncle од мал бизнис стана стартап компанија.

Не не направи стартап нас фактот што нудевме услуга што никој не ја нудеше – хотели за парови.

Нас не направи стартап, стапката на раст од 30% месечно, односно 300% годишно.

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!