Собранието на Македонија купи 100 лаптопи HP EliteBook 735 G6 Notebook PC: Еден лаптоп чини 917 евра без вклучен ДДВ!

Собранието на Република Македонија склучи договор за набавка на 100 преносни компјутери, за што претседателот Талат Џафери ставил потпис.

Станува збор за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56.445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ, објави порталот „360 степени“.

Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“. Таа е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите, кои треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.

error: Content is protected !!