Во наредните години ќе се затвори првиот блок од РЕК Битола

Следува период во кој ќе мора да се затворат сите централи кои работат на јаглен, најави премиерот Зоран Заев и додаде дека првиот блок на РЕК Битола треба да се пренамени во гасна централа, односно да биде приклучен на гасоводната мрежа која е изградена пред извесен период.

-Ние планираме еден по еден блоковите во следните години да се затвораат. Во првите пет години ќе биде затворен блок еден кој што не е модернизиран и најмалку во него се инвестира. Меѓутоа блок два и блок три може да работата во следните десетина години, изјави Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Во националната стратегија за енергетика на Македонија има три сценарија за судбината на РЕК Битола. Првиот е задржување на досегашниот начин на добивање на електричната енергија со јаглен. Но, во тој случај, Европската енергетска заедница ќе ни воведе данок на ЦО2. А тоа значи и поскапа електричната енергија. Втора опција е термоцентралата да се приклучи на гасоводна мрежа, а третата комплетно да се затвори електраната. Сите три опции значат поскапување на цената на струјата.

error: Content is protected !!