Од март до септември бројот на невработени се зголемил за 43.627 лица

151.359 невработени лица се регистрирани во Агенцијата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според обајвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43.627 лица.

Во Скопје од март до септември бројот на невработени се зголемил од 19.273 на 29.686 лица, во Битола од 4.987 на 6.720, во Велес од 4.021 на 5.341, Виница од 669 на 1.041, Гевгелија од 960 на 1.940, Гостивар 7.022 на 10.653, Дебар од 2.123 на 2.938, Кичево од 2.826 на 4.037, Кочани од 2.593 на 3.608, во Крива Паланка 2.477 на 2.986, Куманово 12.412 на 15.734, Прилеп од 7.157 на 9.060, Струмица од 4.476 на 6.521, Тетово од 13.190 на 18.563 и во Штип од 2.674 на 4.344 невработени лица.

error: Content is protected !!