Сефиданоски: Суперкомпјутерот на Nvidia ќе биде достапен за македонските истражувачи и научници

Анис Сефиданоски кој е декан на информатичкиот факултет на Европскиот универзитет, објави дека му пристигнал новиот суперкомпјутер на Nvidia, кој е единствен од овој тип во регионот.

Тој ги покани сите истражувачите и научници преку овој суперкомпјутер  на Nvidia заедно да креираат убави нешта.

-Штотуку ми пристигна Суперкомпјутер на Nvidia од Калифорнија, првиот комерцијално достапен во светот и кај нас единствен во регионот. Денес воедно го потпишав и првиот договор за соработка со Институт за вештачка интелигенција.

Ги поканувам сите истражувачи, научници и уметници, да креираме убави нешта заедно. Ќе тргнеме од иднината. Моментално во моите канцеларии во центарот на Охрид, наскоро и во Скопје, напиша Сефиданоски на Фејсбук.

Штотуку ми пристигна Суперкомпјутер на #Nvidia од Калифорнија, првиот комерцијално достапен во светот и кај нас…

Posted by Anis Sefidanis on Monday, November 2, 2020

error: Content is protected !!