ЕУ воведува нови царини за САД поради Боинг

Царини за увоз на производи од САД во вредност од 4 милијарди долари планира да воведе ЕУ следната недела.

Причина се американските субвениции за производителот на авиони Боинг, најавија високи политичари на ЕУ.

Се очекува oдлуката за воведување на царини на увозот од САД да биде соопштена во понеделник на состанокот на министрите за трговија на ЕУ.

Американскиот претставник Роберт Лајтхајзер минатиот месец предупреди дека воведувањето царини од страна на ЕУ „ќе ги принуди САД да одговорат“.

ЕУ смета дека таксите, што ги одобри и Светска трговска организација ќе придонесат за успех на преговорите за решавање на спорот што почна уште во 2004 година.

error: Content is protected !!