УЈП ги блокираше сметките на компаниите кои не ја исплатија доделената помош

Одговарајќи на новинарско прашање околу компаниите што ги злоупотребија помошта исплатена од државата за своите вработени, директорката на УЈП, Сања Лукаревска информира дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Таа нагласи дека на сите компании што не ја исплатија доделената дополнителна помош на своите вработени, УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средства од државната помош.

Според Лукаревска, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.

error: Content is protected !!