Заев: Поддржувам легализација на марихуаната, а угостителите ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција порача дека освен декриминализација, лично поддржува и легализација на употребата на марихуана.

-Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП, рече Заев.

Тој вели дека на овој начин ќе се зголеми туризмот и угостителството.

-Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис, што дефинитивно може да помогне за развојот на услужната дејност во државата, рече Заев.

error: Content is protected !!