Сингапур преку новата виза која има високи критериуми ќе ги привлекува врвните технолошки таленти од целиот свет

Сингапур ги отвара вратите за врвните талент од светот, преку програма која треба првично да привлече 500 луѓе кои веќе се имаат докажано во глобалниот технолошки екосистем.

Преку програмата Tech.Pass квалификуваните лица ќе можат да си ја обезбедат новата виза што ќе им овозможи да започнат и да работат со повеќе од една компанија и да станат инвеститори, консултанти или ментори за локални стартапи.

Двегодишната виза не е наменета за технолошки работници ос средно ниво кои би можеле да се натпреваруваат со локалното население за работа. Ова политичко прашање ја натера владата да ги заостри своите критериуми за издавање на дозволи за вработување на странци оваа година.

Туку е насочена кон високо успешни претприемачи и техниолошки експерти кои можат во Сингапур да донесат капитал, мрежи и знаење, бидејќи оваа држава има за цел да стане регионален технолошки и иновациски хаб.

-Tech.Pass во Сингапур ќе создаде„ ефект на замаец “за дополнително зајакнување на нашата позиција како водечки центар за технологија во регионот, изјави министерот за трговија и индустрија Chan Chun Sing.

Кандидатите ќе мора да исполнат два од трите услови за да можат да аплицираат за програмата, која започнува во јануари.

Послендата земена плата мора да им биде најмалку 14.800 долари, да имаат најмалку пет години работно скуство во водење на технолошка компанија со процената или пазарна вредност од најмалку 500 милиони долари, или да имаат најмалку пет години работно искуство во развој на технолошки производ кој има најмалку 100.000 активни корисници месечно или најмалку 100 милиони долари приходи.

error: Content is protected !!