Тасева од „Транспаренси Интернешнл- Македонија“: Извлекувани се пари од банките за да се слеваат на сметки на имоти на приватни лица

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл- Македонија“, во изјава за ТВ Алфа во врска со стечајот на „Еуростандард банка“, порачува дека случајот треба сериозно да се преиспита и да се види работењето на банкарскиот сектор.

Има јасно разработени постапки, порачува таа, кои укажуваат дека се извлекувани пари од банките за да се слеваат на сметки на фирми.

-Она што го раскажува Костовски, може изгледа како фикција таква, можеби нестварна приказна, но ние имам исти такви дејствија во други случаи, како што е случајот „Кубус“, со исти такви дејствија со извлекување пари од банките. Имаме јасни разработени постапки од страна на МВР и Управа за финансиско разузнавање кои укажуваат дека се извлекувани пари од банките за да се слеваат на сметки на имоти на приватни лица. И ова мора да се раздвои и од личностите и од политиката. Мора сериозно да се преиспита целиот случај и да се види работењето на банкарскиот сектор, вели Тасева за ТВ Алфа.

За случајот со Еуростандард банка вчера во Собранието имаше и надзорна расправа на која присуствуваше и Трифун Костовски кој рече дека целата постапка со стечајот е голем криминал.

error: Content is protected !!