Пендаровски: Владата ако процени може да ги земе сите приватни ресурси

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во интервју изјави дека Владата ако процени може привремено да ги национализира приватните ресурси под ресурси се мисли и на приватни компании, приватни имоти, објекти итн.

– И приватните ресурси, не само приватните здравствени установи, генерално приватните ресурси, можат ако владата процени да ги земе, да ги менаџира во овие 30 дена, да даде соодветна компензација, затоа што ситуацијата е навистина драматична, не само кај нас, вели Пендаровски.

error: Content is protected !!