Виенскиот институт со црни прогнози за македонскиот БДП

Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW) ја влоши прогнозата за македонскиот БДП во 2020 година, со тоа што од првичните 5% пад на БДП според најновите есенски прогнози македонскиот БДП ќе се намали за 6%.

-Од мај, Македонија не успеа да ја држи под контрола пандемијата. Владата исто така не обезбеди соодветна фискална поддршка за економијата, што доведе до пад на БДП во вториот квартал од 12,7% , што е поголемо од очекуваното. Со тоа ја намалуваме нашата прогноза за БДП за 2020 година од минус 5% на минус 6%. Изгледите за иднината во голема мера зависат од фискалната поддршка на владата и од управувањето со здравствените аспекти на пандемијата, се вели во најновиот извештај на институтот.

error: Content is protected !!