Во 2019 година во Македонија имало околу 448.000 лица кои живеат под прагот на сиромаштија

Стапката на сиромашни граѓани во земјава во 2019 година изнесувала 21, 6 % што е за 0,3 проценти пониска во однос на 2018 година, покажуваат најновите статистички податоци.

Според овие податоци, во 2019 година имало околу 448 илјади лица кои живеат под прагот на сиромаштијата што е помалку во споредба со 2018 година кога имало 455 илјади сиромашни лица.

Гледано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца минатата година била 19,3%. Стапката на сиромашни вработени лица е 8,5%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7%.

error: Content is protected !!