Утре започнува деветото издание на самитот Македонија 2025 – за првпат во хибридна/дигитална форма

Деветото издание на Самитот Македонија2025, за првпат ќе се одржи во хибридна/ дигитална форма од 1-ви до 3-ти декември 2020 година (15:30 – 17:30 ч.) преку онлајн конференциската платформа hopin.com. Самитот Македонија2025 е врвен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа. Со едни од најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата како наши говорници, ја градиме иднината во чекор со најразвиените земји во светот.

Во овој период, пандемијата на Covid-19 и здравствената и економската криза низ светот, се неизбежна тема на сите дискусии, собири, конференции. Додека Самитот ги покрива овие теми, сепак целта е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот. Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза, за тоа како да изградите успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.

Очекуваме вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери. Некои од говорниците на годинешниот Самит ги сочинуваат: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг“, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло – Сузан Ничовски, понатаму Харди Пемхива, извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед“ во Јужна Африка, групација која се залага за градење на одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.

Покрај панел-дискусиите, Самитот вклучува и инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината, како и специјален настан со Претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.

Пријавете се на овој настан и оставете свој белег во обликувањето на подобра, поефикасна и економски просперитетна иднина за регионот на Југоисточна Европа. Билетите можат да се купат по симобилчна цена од 20 ЕУР. Регистрирајте се на следниот линк ОВДЕ.

error: Content is protected !!