Собранието денеска треба да го изгласа Предлог – буџетот за 2021 година

По пет дена расправа, денес Собранието на Македонија треба да го изгласа Дополнителниот предлог буџет за 2021. година.

Во досегашната расправа власта и опозицијата имаат спротивни ставови за Предлог – буџетот за следната година.

Според ставовите на власта, Буџетот обезбедува рационално трошење и се подложи на одгороворните политики. Тие исто така потенцираат дека Предлог-буџетот е насочен кон здравството и економското заздравување.

Од опозицијата пак, велат дека Буџетот е нереален и мегаломански. Како што велат, со истиот нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку напротив, долгот ќе се зголеми и достигне историско највисоокот ниво од 67% од БДП.

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението пред пратениците посочи дека Дополнетниот предлог-буџет е реален и во него се алоцирани средства онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 милијарди денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.

error: Content is protected !!