Заев: Постојано се зголемуваат странските инвестиции

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со странските инвестиции во Македонија, подвлече дека само во изминатите три години, 35 странски компании инвестирале во Македонија.

-Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании, потсети премиерот Заев.

Заев информираше и за фирми со кои во моментов се преговара.

-Разговараме за инвестиции во гасна електрана со Генерал Електрик Инвестмент во Битола. За 800 мегаватна електрана, вредна 400 милиони евра. Разговараме и за ТЕЦ Неготино, за што има заинтересирани повеќе од 50 инвеститори, рече премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека заврши и рокот за доставување на понуди за огромниот проект Чебрен. Тој информираше дека после 11 години неуспешни обиди на претходната власт, сега има 10 понуди, од големи компании од шпанското, француското, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, а има понуди и од турска и кинеска компанија. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра.

error: Content is protected !!