Според државниот завод за статистика нето платата во октомври изнесувала 27.899 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 27 899 денари и е зголемена за 8,4 отсто споредено со октомври лани, според Државниот завод за статистика кој ги објави денес податоците.

Ваквото зголемување според ДЗС се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12%), Уметност, забава и рекреација (11,6%) и Преработувачка индустрија (11%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,4%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4%) и Стручни, научни и технички дејности (3,6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесувала 41 654 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!