Нови 6.000 семејства ќе станат социјални случаи ако пандемијата продолжи и во 2021 година
Кризата предизвикана од ковид 19 донесе сиромаштија за нови 5.000 семејства во земјава.
Вкупно 32.000 семејства живеат од гарантирана минимална помош и месецот го поминуваат со помош од државата која месечно изнесува од четири до десет илјади денари во зависност од бројот на членови во семејството.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска најавува пораст на бројот на семејствата кои ќе влезат во зоната на сиромаштија, доколку панедемијата и натаму трае.
-Нашите очекувања се дека следната година, сега проекцијата е доколку би траела следната година пандемијата со ковид 19, дополнителни 6.000 семејства да влезат во системот, рече министерката Шахпаска.