Не е шега:МПЦ влегува во бизнисот со струја

Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја, откако со уште четворица партнери на 25 ноември годинава основалале компанија за производство на електрична енергија, објави ИРЛ.

Покрај МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.

Митрополитот Тимотеј на Дебарско–кичевската епархија вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.

-Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира, вели Митрополитот Тимотеј за ИРЛ.

Целиот текст можете да го прочитате на страната на ИРЛ.

2 thoughts on “Не е шега:МПЦ влегува во бизнисот со струја

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!