Македонија има најниски плати споредено со другите држави од поранешна Југославија

Според анализата на Анадолија и покрај Ковид-19 пандемијата нивото на просечните плати во 2020 година во земјите од поранешна Југославија, се зголемени.

Во Словенија просечната плата се зголемила за 59,35 евра (показатели октомври 2020 година – октомври 2019 година), во Србија за 44,19 евра, Македонија за 36,31 евра, Хрватска за 18,41 евра, БиХ за 14,26 евра, и 8 евра во Црна Гора.

Просечната плата во Словенија е 1.181,35 евра (податоци за октомври 2020 година), Хрватска 890,41 евра , Црна Гора 525 евра (податоци за ноември 2020 година), Србија 512,19 евра, БиХ 490,76 евра и Македонија 454,31 евра.

error: Content is protected !!