Откажувањето на Фолксваген да гради фабрика во Турција било од политички причини?

Турскиот министер за индустрија изјави дека одлуката на Фолксваген да ги откаже инвестициите во Турција има политички мотиви.

-Знаевме дека има некои луѓе кои не ја сакаат оваа инвестиција во Турција од политички причини, изјави министерот Мустафа Варанк.

Од друга страна Херберт Дис, извршниот директор на германскиот производител на автомобили, за одлуката да не градат фабрика во Турција вината ја префрли на Ковид пандемијата.

Германскиот автомобилски гигант основаше компанија во Турција во октомври 2019 година со капитал од 943,5 милиони турски лири (164,5 милиони американски долари) за дизајнирање, производство, составување, продажба, увоз и извоз на автомобили, камиони и секаков вид на моторни и транспортни возила и нивни делови и компоненти. Сепак, тие аплицираа за ликвидација на компанијата во декември.

-Во овој случај, Фолксваген ќе изгуби, а не Турција. Затоа што тие признаа дека ги довеле до заблуса своите инвеститори со политички одлуки, а не со економскии, изјави Варанк.

error: Content is protected !!