Министерот за транспорт Бочварски за новите патарини: Ако не сакате патарина патувајте преку регионалните патишта

На денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски беше запрашан за цената на патарините на автопатот Скопје – Штип.

Министерот потенцираше дека државата има релативно ниски цени на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура, патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

-Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, цената на патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција.

error: Content is protected !!