Се затвора бугарската фабрика „Пејпер Мил“ во Кочани од еколошки причини – 120 вработени одат дома!

Откако државниот инспекторат за животна средина и наложи на фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани да го користи само котелот што работи на метан затоа што другиот на пелети го загадува воздухот над дозволеното, сопствениците решија да стават клуч на фабриката.

120 вработени привремено одат дома, а фабриката за хартија го запира производството.

Од раководството тврдат фабриката е затворена и производниот процес е целосно запрен, но работниците се уште не се отпуштени. За тоа одлука треба да донесе бугарскиот сопственик.

-Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза, вели во изјава за МИА, Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил“.

error: Content is protected !!