Србија: Фриленсерите ќе основаат верска заедница за да не плаќаат данок?

Во Србија фриленсерите смислиле креативно решение како да одбегнат плаќање данок со тоа што ќе основаат верска заедница.

Но за да се регистрира верска заедница во Србија не е толку лесно и едноставно, затоа што Министерството за правда на Србија ќе треба да одобри.

-Мислам дека хонорарците немаат шанса да успеат во тоа, веројатно тоа беше повеќе маркетиншки потег“, вели Ѓеновиќ додавајќи дека ова се случува откако некој по пет години се сетил да им наплати ретроактивно данок, некои дури веројатно се обиделе и да платат данок, но даночната управа не им излегла во пресрет, објави порталот Банкар.

Оовј проблем на српските фриленсери започна пред нешто повеќе од два месеци, кога даночната управа на Србија одлучи не само да наплатува даноци од хонорарците, туку и да го стори тоа ретроактивно, со камата за последните пет години.

Писатели, преведувачи, наставници, дизајнери, програмери, административни работници, истражувачи, аналитичари и многу други се најдоа погодени од оваа одлука.

Фриленсерите дознаа дека ќе бидат оданочувани кога српското УЈП ги покани доброволно да се пријават и да платат половина од заработеното во последните пет години, а со каматите тој износ достигнуваше и до 80%, со закана дека ќе сносат прекршочна и кривична одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!