Во повеќе членки на ЕУ јавниот долг надмина 100% од БДП, a во Грција јавниот долг е 200% од БДП

Јавниот долг во повеќе членки на ЕУ надмина 100%, а во Грција јавниот долг е 200% од БДП.

Во ЕУ јавниот долг изразен како учество во БДП се искачи на 89,9% во третиот квартал од 2020 година, во споредба со 87,7% од претходниот квартал, објави Евростат.

Додека во третиот квартал од 2019-та година, јавниoт долг изнесуваше 79,2%.

Во еврозоната, долгот изразен како учеството во БДП се зголеми на крајот на септември 2020-та година на 97,3%. На крајот на јуни, тој беше 95%, а на крајот на септември 2019-та година беше 85,8%.

Највисокото ниво на јавен долг во периодот од јули до септември 2020-та година забележа Грција, каде е двојно повисок од нејзиното БДП односно 199,9% од грчкото БДП.

Држави во ЕУ каде јавниот долг го надмина државниот БДП се’ Италија каде изнесува 154,2% од БДП, следи Португалија со јавен долг од 130,8% од БДП. Кипар со 119,5%, Франција 116,5%, Шпанија 114,1% и Белгија со 113,2% јавен долг од БДП.

error: Content is protected !!