Преку емисија на државни хартии од вредност Владата ќе се задолжи 367 милиони евра за првите 6 месеци од годинава

Според календарот на Министерството за финансии за емисија на државни хартии од вредност за првиот и вториот квартал од 2021 година, Владата преку овој инструмент планира да се задолжи скоро 367 милиони евра поточно 366,9 милиони евра.

Имено, таа планира да се задолжи за првиот квартал и тоа за месеците јануари, февруари и март 227,1 милиони евра или 13.998.310.000 денари.

Додека Владата за вториот квартал планира да се задолжи во месеците април, мај и јуни за 139,7 милиони евра или 8.612.010.000 денари.

Или вкупно првите шест месеци од годинава 22.610.320.000 денари односно 366,9 милиони евра.

error: Content is protected !!