Кина стана најголем примател на странски директни инвестиции во 2020, а САД падна на второ место

Кина стана најголемиот примател на странски директни инвестиции (СДИ) во 2020 година, и ги надмина САД.

Во 2020 беа инвестирани 163 милијарди долари во Кина, а во САД беа инвестирани 134 милијарди долари, покажуваат податоците на УНКТАД објавени во неделата.

Додека во 2019 година, САД привлекоа 251 милијарда долари странски инвестиции, а Кина 140 милијарди долари.

СДИ на глобално ниво паднаа за 42% во 2020 година, на 859 милијарди долари, што е пад од дури 30% под нивото од финансиската криза во 2009 година.

Минатата година развиените земји беа погодени повеќе во однос на земјите во развој.

Инвестициите во САД паднаа за 49%, нешто помалку од просекот на развиените земји од 69%. А СДИ во земјите во развој паднаа за само 12%.

error: Content is protected !!