Каматите за штедење паѓаат, а штедните влогови во банките уриваат рекорди

За штедните влогови на граѓаните и на фирмите, банките пресметуваат камати пониски од 1%. Завршницата на 2020-та ја одбележа значаен пад на каматите за депозитите. Дали ваквиот тренд го дестимулира штедењето? Податоците покажуваат дека вредноста на депозитната база расте и покрај падот на каматите пишува „Порталб“. На крајот од декември 2020-та вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,8 милијарди евра.

60% од штедените влогови – во денари…

На крајот од декември вкупните штедни влогови во банките надминаа 7 милијарди евра – историски највисоко ниво. Раст на штедењето е регистриран и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Податаоците од Народната банка покажуваат дека на месечно ниво депозитината база е зголемена за 3% додека на годишно ниво растот е поголем.

„Вкупните депозити, во декември, се зголемија за 3,0% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“, соопштија од НБМ.

Што покажува анализата на податоците за штедењето? Пораст има и кај шедењето на фирмите и на штедните влогови на граѓаните.

Така, населението на крајот од декември 2020 та во банките чувало 4,64 милијарди евра а фирмите, односно корпоративниот сектор располагал со 2 милијарди евра, а останатата сума отпаѓа на депозити на други клиенти кои исто така се дел од “недржавен сектор“.

Додека податоците покажуваат раст на штедењето, каматите на депозитите се во пад – и на веќе постоечките депозити и на новопримените штедни влогови. Според економистите кои ги консултираше „Порталб“ ваквата состојба е очекувана во услови кога сеуште владее“скептицизам“ кон алтернативните инструменти на штедење.

„Граѓаните и воопшто штедачите не се водат од висината на каматата што се нуди за штедење туку од проценката на ризик. Имено, кај нас постојат алтернативни инструменти за штедење, како вложувања во инвестициски фондови и осигурителни полиси, но овие инструменти на некој начин не се познати на граѓаните, кон нив се гледа со скептицизам. Оттука, за граѓаните, ососбено оние кои штедат на месечно ниво со пониски износи, најприфатлив начин е парите да ги вложат во банка без разлика на висината на каматата“ оценува професорт Марјан Петрески и додава :

„Уште еден фактор кој влијае врз намалување на каматите на депозитите е падот на каматите за кредитите. Изминаиот период бевме сведоци на голема понуда на ликвидност, а од друга страна недостаток на квалитетни и одржливи проекти за кредитирање, што предизвика намалување на каматите за кредитите“.

На крајот од декември просечната камата на депозитите изнесувала 0,95% што е најниско ниво од крајот на 2019-та година. Каматата на новопримените депозити изнесувала 0,68%. Според економистите, овој тренд на намалување на каматите се очекува да продолжи.

„Сметам дека овој тренд на намалување на каматите на депозитите кој се случува минатите години ќе продолжи, но не очекуваме негативни каматни стапки“ – вели професорот Петрески.

Во однос на валутната структра, податоците укажуваат на пораст на штедењето и во денари и во странска валута, но и натаму со доминација на денарското штедење. Пресметката на „Порталб“ покажува дека вредоста на денарските депозити изнесува 3,86 милијарди евра додека на шедењето во странска валута вредноста е 2,78 милијарди евра.

Според валутата, и натаму доминира штедењето во денари, на кое отпаѓа 60% од вкупната депозитина база. На крајот од декември вкупниот кредитен пласман на банките изнесувал 5,8 милијарди евра.

Анализа на Порталб

error: Content is protected !!