Ќе може да основате компанија со 1 евро, и ќе има намалување за малите и зголемување на казните за средните и големи компании
Во Македонија ќе може за само едно евро да се основа друштво со ограничена одговорност. Ова го предвидува Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва што денеска го помина првото читање пред собраниската Комисија за економски прашања.
Според предлог-измените, се менуваат и глобите кои за микро и малите фирми тие ќе бидат помали, а за средните и големите, поголеми.
За да нема забуна во деловните контакти, новите трговски друштва ќе имаат определена, видно обележана ознака, за секој што ќе соработува со нив, да знае дека се основани со 1 евро. Очекувањата од предлог Законот за трговски друштва се дека ќе се намали сивата економија.
Со предлог законот се воведува нов тип друштво со ограничена одговорност – „Поедноставено друштво со ограничена одговорност-ПДОО“. Друштвото може да има најмногу до тројца основачи-физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Бидејќи, се работи за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување посебен режим за финанисиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото
Со Предлог законот за ТД, микро и малите компании ќе добијат помали глоби, но се зголемуваат казните за големите и средни компании.
Воедно, значително се намалува износот на глобата за членови на орган на управување во акционерските друштва.