Македонија ќе инвестира во терминал за течен гас Александропулос и гасна централа Александропулос

Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата вчера на 53. седница.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД” Скопје и „Копелозу Груп” и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „Гастрејд С.А.” за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.” за стекнување на 25 отсто удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД” Скопје и „АД ЕСМ” редовно да ја информираат Владата на Република Македонија.

error: Content is protected !!