Анѓушев: Не заработив ништо од владината мерка за укинување на царината за увоз на литиумски акумулатори

Поранешниот вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев тврди дека не заработил ништо од владината мерка за укинување на царината за увоз на литиумски акумулатори, објави Алсат.

Алсат денеска го праша Анѓушев колку оваа мерка влијаела врз подобрување на конкурентноста на неговата компанија, бидејќи таа можеби е единствената во земјава на која ѝ требаат такви делови? За потсетување, во 2017-та година Владата во која втор човек и одговорен за економските политики беше токму Анѓушев, се укина царината за увоз на литиумски батерии. Од владата тогаш тврдеа дека тоа било услов за некоја фирма од Полска да инвестира кај нас. Тоа никогаш не случи, но литиумски акумулатори се увезуваа без царина.

„Сè што се извезува ние не го цариниме бидејќи увезуваме увоз, поради извоз. Тоа е за други инвестиции коишто би можеле во Македонија да продаваат такви возила. Одговорот, краток и јасен е нула“, рече Анѓушев.

error: Content is protected !!