Министерот Бесими најави повисок персоналeн данок и ДДВ и фонд за изедначување за општините кои ќе остварат помалку приходи!

Министерот Фатмир Бесими во гостувањето во емисијата „Економски магазин“, рече дека со зголемувањето на даноците, општините ќе можат да добиваат повеќе средства, но според него, тоа ќе значи уште поголема одговорност и отчетност, објави Алсат.

Бесими дури спомена два методи преку кои централната власт ќе се обиде да ги принуди општините да бидат поодговорни во управувањето со средствата.

-Зголемување на даноците како што споменавме ДДВ и зголемување на персоналниот данок. Овие даноци, што значи дека зголемувањето од даноците нема да биде празно, за да може да се реализира само како што е моментално, без да има механизми, но новина е што ќе инсталираме два фонда, од кои дел ќе се базира на т.н. перформанси на фондот, така што средствата доделени на општините ќе се засноваат на тоа колку општините ќе ги подобрат своите перформанси во остварувањето на приходите од буџетот.

И втората има врска со она што е познато како фонд за изедначување, бидејќи некои општини, без нивна вина, можат да остварат помалку приходи, тие можат да бидат рурални општини, помали општини и нормално дека ќе има фонд за изедначување. Нормално, ова се две новини што ќе амортизираат и ќе се користат како механизми што ќе го олеснат процесот на транзиција на фискалната децентрализација “, рече Бесими.

error: Content is protected !!