Заев: Среќна околност е што работниците не добиваат отказ туку одат на принуден одмор

Важно е да расте платата, но важно е при тоа растење на платата да не ги губиме работните места. Јас очекувам оваа пролет ако продолжи вака економскиот тренд дека многу луѓе коишто и реално на нето основа останале без работа веднаш ќе може да се снајдат со работа, односно да бидат работно ангажирани, изјави премиерот Зоран Заев.

-Среќна околност е алатката со 70, 80 отсто од луѓето да одат на принуден одмор, значи земаат некаква плата, не се отпуштаат од работа. Ретки се, ама навистина ретки се анализите на вакви случаи, некој да изгуби работно место. Ако ги гледате параметрите од Агенцијата за вработување таму ќе видите дека во одредени периоди се јавуваат 12, 15, 17, 22.000, но веднаш после тоа заради тоа што податоците за вработување се објавуваат следниот месец за тој што се случил, ќе видите дека веднаш имаме ангажман. Во целата флескибилност на државниот систем, согласно Законот за вработување јасно се гледа дека одредени фирми, граѓани ја користат алатката времено ангажирани за одредени месеци, а од следниот први почнува нов договор за времено ангажирање во иста или во соодветна фирма. Денес имаме граѓани кои соопштуват во рок од три дена дека ја напуштаат самата компанија заради тоа што нашле друго слободно место. Она што за нас е исто така многу важно, е следењето на целиот тренд од Заводот за статистика – изјави Заев.

Тој додаде дека невработеноста во вториот квартал 2020 пораснала на 16,7 отсто, а беше 16,1, додека во третиот кваратал повторно да почне да паѓа на 16,5 проценти и во четвртиот квартал стигна на 16,1 процент.

error: Content is protected !!