Филипче: Со закон ќе се ограничат цените на приватните болници кои лекуваат Ковид пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека бил прифатен прелогот да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на финансиските средства за време на кризата, но дека оа ќе се однесува само на лекување на ковид пациенти.

Филипче најави дека главниот координативен кризен штаб утре до Владата ќе поднесе измени на Законот за здравствена заштита.

– Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватниите болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог законот за здравствена заштита, изјави Филипче.

error: Content is protected !!