Високиот јавен долг на Италија е причина за загриженост во ЕУ

Германскиот Бундестаг го изгласа ребаланс на буџетот, со што се овозможи рекордно задолжување од 240 милијарди евра, што ќе го зголеми јавниот долг на Германија на 2,2 трилиони евра и ќе постави нов рекорд.

Германскиот долг денес изнесува 80% од БДП.

-Во моментов, ние не сме загрижени за стабилноста на еврото“, рече Фербер за ДВ. Сепак, смета дека границата за задолжување во еврозоната треба да се врати следната година. Во спротивно, смета тој, постои опасност некои членови да продолжат да ги решаваат проблемите со нови долгови наместо реформи.

Фербер нагласува дека заедничкото задолжување на ЕУ во износ од 750 милијарди евра за ублажување на последиците од кризата мора да остане осамен преседан.

-Оние што мислат дека ги рехабилитираат националните буџети со пренесување долгови кон Европа, нема да успеат. Бидејќи тие долгови мора да ги отплатат и земјите членки. А тоа значи следните генерации, изјави Маркус Фербер, германскиот европратеник, и експерт за јавни финансии.

Грција веќе се приближува до јавен долг од 200 проценти. Сепак, аналитичарите сметаат дека Италија е поголем проблем од Грција.

-Грција ме загрижува помалку од некои други земји. Мојата најголема грижа е Италија , вели европскиот парламентарец Фербер.

Тој предупредува дека со зголемувањето на каматните стапки италијанската држава и банките може да наидат на сериозни тешкотии. Јавниот долг на Италија во моментов изнесува 180 проценти од БДП.

error: Content is protected !!