Најави за поскапување на месото во Македонија за 40%

Од месната индустрија се заканија дека ќе ги зголемат цените до 40% доколку Владата не дозволи зголемен увоз на смрзнато месо. Од месната индустрија побара и да се врати мерката за укинати царински давачки за увоз на замрзнато свинско месо наменето за преработка.

-Не е носење на нова одлука туку барање за продолжување на веќе донесена одлука, со тоа што бараме да се доодобрат скратените количини од првата мерка. Значи барањето не ни е ново, туку барање за веќе донесена одлука за скратени количини, рече Гоце Трајчев Групација на месна индустрија.

Од месната индустрија велат дека зголемување на цените е глобален тренд и тие имаат зголемени трошоци, иако тврдат дека засега не направиле корекции на цените на свежото месо и на сувомеснатите производи. Од оваа групација порачаа дека за да не доаѓа често до вакви неизвесности, нивните барања треба да се преточат во законско решение кое ќе стави ред во дејноста. Некои од членките на месната индустрија веќе ги продаваат своите производи по нови, повисоки цени.

Ако чаден свински бут сега е 260 денари, таа цена по празниците, укажа, би била над 320 денари зависно од тоа дали ќе имаме продолжување на мерките. Ако има продолжување на мерките нема да биде 40 проценти бидејќи 20 проценти отприлика е царината на суровината што ја плаќаме за којашто бараме да бидеме ослободени и покачувањето отприлика би било само за износот за процентот што е покачен на суровината на светскиот пазар, некаде околу 20 проценти.

Досегашните мерки од изминатите три години дале резултати и увозот на готовите сувеомеснати производи се намалил за 28 проценти.

Од Групацијата истакнаа дека постојано доставуваат барања сегашните мерки да преминат во трајно законско решение што ќе одговара со европските услови на стопанисување. Повторно порачаа дека за да има ефект во стопанството пакетите со мерки за помош треба да бидат насочени кон зголемување на потрошувачката на домашните производи од домашни производители, како што беше во случајот со четвртиот пакет со картичките „Купувам домашно“.

error: Content is protected !!