Европска комисија: Србија има пад од 1% а Македонија пад од 4,5% на БДП во 2020 година

Економските последици од пандемијата најдобро економски ги поднесe Србија иако предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година.

Економската активност беше сериозно нарушена од рестрикциите кои имаа најсилно влијание во вториот квартал, додека економиите покажаа знаци на закрепнување во втората половина од 2020, кога се олеснија ограничувањата и се зголемија економските активности, особено во производствениот сектор ориентиран кон извоз, проценува Европската комисија во својот последен квартален извештај за земјите-кандидати и потенцијални кандидати.

Според извештајот, Србија е земјата што полесно ја надмина кризата, со пад од само 1 проценти како резултат на стабилната економска структура и значителниот фискален стимул.

Потоа, тука е Албанија, со пад од 3,3 проценти, помогната од подобрувањето на економијата во последниот квартал од годинава.

На Косово, проширувањето на потрошувачката на владата го ублажи падот на годишното економско производство на околу 3,9%.

Во Македонија и Босна и Херцеговина БДП се намали за 4,5% во 2020 година, најмногу поради наглиот пад на потрошувачката на домаќинствата и инвестициите, пренесува Фактор.

error: Content is protected !!