Папата бара построго регулирање на финансиските пазари и поправедна и поинклузивна економија

Папата Франциск денеска повика на построго регулирање на финансиските пазари, предупредувајќи во видео порака против „опасните“ шпекулации и повикувајќи на поправедна економија.

„Додека реалната економија, онаа што создава работни места, е во криза – толку многу луѓе се без работа! – финансиските пазари никогаш не биле толку хипертрофични како што се сега“, рече тој.

Папата додаде дека „финансиите, доколку не се регулираат, стануваат чисти шпекулации водени од монетарната политика“.

– Оваа состојба е неодржлива. Опасна е. За да се спречат сиромашните повторно да ги плаќаат последиците, финансиските шпекулации мора строго да се регулираат, рече папата Франциск.

Во видео порака објавена преку неговата Светска молитвена мрежа, Папата истакна дека финансиите можат да бидат корисна алатка ако се користат за општо добро.

Повикувајќи ја финансиската индустрија да работи со владите за подобро регулирање на пазарите, тој рече дека „се уште има време да се започне процес на глобални промени за да се спроведе поинаква, поправедна, поинклузивна и одржлива економија што не остава никого зад себе“.

– Ајде да го направиме тоа!, повика папата Франциск.

error: Content is protected !!