Поради негативните камати на депозитите Германците се повеќе инвестираат на берза

Седумдесет годишниот Михаел Шахт е типичен германски штедач. Тој е човек кој не сака да презема големи ризици, сопственик на продавница за облека кој во банка има 300 илјади долари во мал град близу Хамбург.

Претходно оваа година, банката му соопшти дека веќе ќе треба да плаќа 0,5 отсто негативна камата за депозитот, наместо да добива камата за него.
Разочаран, Шахт прави нешто што никогаш претходно не го посмислил – инвестира се на берза.

Портфолиото му вклучува инвестиции во корпоративни акции од Европа, како и злато и сребро.

„Не сакам да направм многу пари, туку нискоризична инвестиција што ќе ми донесе разумен поврат – 2 отсто, четири отсто, вели тој.

Голем број Германци почнаа да инвестираат на берзите за време на пандемијта отколку кој било друг период досега.

Deutches Akrieninstitut нагласува дека 2,7 милиони луѓе во Германија почнале да поседуваат акции или директно или преку фондови во 2020 година. Со тоа, вклупниот број на Германци на берзите расте до 21,4 милиони што е 28 отсто раст во однос на 2019 година.

Но, се уште само помалку од 18 отсто од Германците на возраст над 14 години поседуваат акции – наспроти 53 отсто од семејствата во САД, според Федералните резерви.

Ако поголем број лица во најгоематѕа економија во Европа почнат да инвестираат тоа со сигурност ќе се почувствува на берзите.
Германците одамна не сакаат да инвестираат директно во акции и други ризични активи наместо тоа избираат безбедност на гарантирани банкарски депозити.

Друга разлика со САД е дека тие сметаат најмногу на државни пензии, а не на богатство што самите го направиле. Но реалноста е дека камаптите на депозитите веќе се негативни и тоа ги менува нештата. Улога имаат и заштедите за време на пандемијата, слободното време поради локаун и младото поколение.

Во минатото германските инветитори гледаа најмногу кон локалните компании, но се почесто купуваат акции од големи американски компании пред се во технолошки сектор.

Меѓу нив е 29-годишниот Александер Хосле финансиски контролор. Во февруари тој преку Scalable инвестира 10.000 долари или 10 отсто од заштедата – прво во ETF а потоа и во Епл, Тесла, САП СЕ и Deutche Post.

„Вистината е дека нема подобра алтернатива за парите, смета тој. Неговите следни чекори се инвестирање во германски тур-оператор.
Засега новите инвеститори се радуваат за добри приноси. Основниот германски индекс DAX расте со 37 отсто во споредба со лани – подобар резултат од S&P 500, кој им носи на Германците 30 отсто заради флуктуациите на еврото и доларот.

Банките исто така туркаат клиенти да преместат свој кеш од депозити во инвестиции, но рамки на истата институција. Дојче банк тврди дека негови клиенти минатата година префрлиле околу пет миллијарди долари од банкарски депозити во инвестициски продукти.

error: Content is protected !!