Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на производствен капацитет во ТИРЗ Скопје

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата, стои во соопштението на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Дали од преголема радост или од брзање, заборавија во соопштението да напишат со какво производство се бави „Текнопанел“ по краткото истражување, дознавме дека се занимаваат со производство на сендвич панели кои се користат во градежништвото.

-Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години. Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над 5 милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра. Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата, стои во соооштението на ТИРЗ.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!