Ќе добиеме уште еден мобилен оператор- „Телеком Србија“ влегува во Македонија

Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, ексклузивно за Танјуг изјави дека формирањето на компанијата „Телеком“ во Македонија, која ќе се вика Мтел, започна вчера.

Лучиќ посочи дека ќе започне со работа за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што вели, ќе бидат пуштени во употреба мобилни телефонски услуги и оптички интернет услуги.

– За нас одлуките донесени денес на економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија што сака да биде лидер во регионот. Имавме планови да се прошириме на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени, изјави Лучиќ за Танјуг.

Сепак, тој нагласува дека денес доаѓа ново време и дека се отвораат границите на економскиот развој.

– Причината зошто денес сум во Скопје е што започна формирањето на компанијата Телеком Србија во Македонија и ќе се вика Мтел, како што се викаат нашите компании во Црна Гора и БиХ, посочи Лучиќ.

Тој изјави дека регионалните иницијативи дополнително ги бришат границите за економијата и додаде дека ова е важно за Телеком, кој сака да биде присутен во сите земји во регионот.

error: Content is protected !!