Русија сака да забрани извоз на нафта

Руската влада размислува за воведување на привремени ограничувања за извоз на гориво, со цел да се стабилизира домашниот пазар, изјави вицепремиерот Александар Новак.

Можно е Министерството за енергетика да даде таков предлог во блиска иднина, рече Новак.

-Ова се разгледува, и Министерството за енергетика треба да даде предлог во блиска иднина. Во принцип, го разгледуваме овој инструмент бидејќи побарувачката расте и мораме целосно да го обезбедиме домашниот пазар, рече тој.

Според Новак, притисокот врз цените на нафтата на берзата продолжува.

-Иако пораснаа вчера, пред тоа цените паднаа неколку дена, односно гледаме дека ситуацијата е нестабилна, така што пазарот треба да се стабилизира, заклучи тој.

error: Content is protected !!