Околу 35% од вработените земаат плата над просечната која според ДЗС изнесува 28.721 денари

Само 35 проценти од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната која сега изнесува 28.721 денари.

Државниот завод за статистика од почетокот на годината забележува постојан раст на просечната плата што најмногу се должи на растот на платите во ИТ индустријата и фармацијата. Но, според податоците вработените во голем број дејности земаат плати под просекот. Текстилната и кожарската индустрија и натаму со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари, по нив следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна каде месечните примања се движат околу 18.780 денари. На вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.

Државен завод за статистика:

-Производство на облека и кожа – 17.570 денари

-Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 18.780 денари

-Туристички агенции – 19058 денари

-Производство на прехрамбени производи – 22.481 денари

-Уметност, забава и рекреација – 26.969 денари

-Образование – 27.736 денари

Просечната плата во ИТ индустријата достига 72 илјади денари, а платите во фармацијата околу 50 илјади денари. Според статистика за првите три месеци во земјава имало околу 790 илјади вработени, а од нив 300 илјади земале просечна или над просечната плата.

error: Content is protected !!