Кои акции имаа најголем раст и пад на Македонска берза во август?

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2021 година вкупниот промет изнесувал 2.800.255.297 денари и е зголемен за 162,43% во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 696.376.220 денари и е зголемено во однос на јули за 44,08% кога изнесувало 483.320.024 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 472.571.156 денари и обврзници во вредност од 223.805.0649 денари.

Блок трансакциите во август изнесувале 2.097.481.077 денари и се зголемени за 259,34%во однос на јули.

Бројот на трансакции во август изнесувал 2.038 и е зголемен за 54,39%во однос на јули кога изнесувал 1.320.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Еве кои беа акциите со најголем раст и опаѓање.

error: Content is protected !!