Мигрантите во Данска ќе мора да работaт 37 часа неделно ако сакаат социјална помош

Некои мигранти во Данска ќе мора да работат по 37 часа неселно, за да можат да добијат социјална помош, објави данската Влада. Тоа ќе биде услов за оние кои три до четири години користат социјални бенефиции, а го немаат достигнато потребното ниво на знаење на данскиот јазик.

-Целиме кон жените кои не се со потекло од Запад, а примаат помош, изјави Данската премиерка Mette Frederiksen, која додаде дека правилата се однесуваат на жени кои не се со потекло од Запад а живеат од социјална помош, каде дури 6 од 10 жени од Блиски Исток, Северна Афтика и Турција не работат а примаат социјална помош.

Според пакетот рефеорми што го претстави премиерката, за и понатаму да добиваат социјална помош, долгорочно невработените ќе мора да одработат 37 часа општествено корисно работа неделно, како на пример собирање ѓубре.

Данска во последните години повеќе пати ја заостри имиграциската политика, и сега има една од најстрогите правила а целта е барањата за азил да ги сведе на нула.

error: Content is protected !!