ДУИнг бизнис: Синот на Муса Џафери физички го нападнал Бислимовски, претседател на регулаторна поради одземена лиценца

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Фактор потврди дека бил физички нападнат од сопствениците на компанијат „У повер“, на која неодамна токму од РКЕ и беше одземена дозволата за работа, поради непочитување на договорите на кон потрошувачите за снабдување со струка.

„Точно е“,  одговори кусо Бислимовски за Фактор.

Од МВР за Фактор потврдуваат дека „на 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.

А за нападот, заедно со видео од нападот, објави фејсбук страницата Аеродромци.

-Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот“, беше објавено на фејсбук страницата Аеродромци.

error: Content is protected !!