Рафајловски:Предвреме тргнавме кон зелена енергија затворајќи ги термоелектраните, тоа ќе доведе до сериозен пад во стопанството

Бизнисменот Горан Рафајловски вели дека фактот што Европа предвреме тргна во зелена енергија, ја зголемува сега драматично цената на струјата на светските берзи.

„Дали предвреме тргнавме во таканарената зелена енергија или во екологија во Европа? Веројатно дека да. Затворајќи ги термоелектраните ние изгубивме многу стабилен произведувач на струја, а не бевме спремни со што ќе го замениме.

-Ниту тој може да се замени со ветерани туку така, ниту, пак, со фотоволтаици, ниту со некаков друг тип на енергија, кој во овоој момент ниту постои, ниту, пак, ние работиме на него. Тоа ќе доведе до сериозен пат во стопанството и во стопанските гранки. Ова зборувам за светски рамки, рече Рафајловски во своето гостување за ТВ Сител.

А ценовниот шок во енергенсите ќе доведе до прехраната, таа прва ќе настрада. Потоа ќе дојдат и другите производи.

-И на крај неминовно ќе имаме пад на вредноста на парите, тоа се случува и ние не треба да спиеме. Еднаш заспавме кога почна короната, да не се случи повторно“, рече Рафајловски.

Смета дека сега под итно треба да се инвестира во развој. Вели дека никој не може да каже до кога струјата вака ќе варира, но дека нема да падне под 150 или 180 евра и кога ќе се стабилизира, смета Рафајловски. Тоа ќе ги зголеми трошоците на компаниите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!